Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Орландо Блум во посета на Зеленски и Украина

Британската холивудска ѕвезда Орландо Блум отпатува во Украина каде што се сретна со претседателот Володимир Зеленски за да даде поддршка во борбата против руската инвазија. Блум на средбата со Зеленски ја нарече „инспиративна“ силата и волјата на украинскиот народ кој ја брани својата земја од руските натрапници.

Тој, како амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ престојуваше три дена во Украина каде што ги посети градовите Киев, Ирпин и Димидав.

Ѕвездата на мега хитовите Пиратите од Карибите и Лордот на Прстените рече дека тоа е негово прво патување во Украина од 2016 година.

За време на престојот во Киев, Орландо Блум се сретна со Зеленски со кого ги дискутираа хуманитарните проекти и напорите за реконструкција за да им се помогне на децата во Украина. Блум притоа му рекол на Зеленски дека неговите пораки кон светот по почетокот на руската инвазија ја рефлектираат храброста и одлучноста на украинскиот народ и дека очите на светот се вперени во кривичното гонење на Путин за воените злосторства и депортација на деца од Украина.

Треба да знаете
Moже да ве интересира