Осум луѓе починаа од западнонилскиот вирус во Европа оваа година и сите смртните случаи се на југот на континентот.
Овој вирус кој се шири преку каснувања од комарци, може да предизвика западнонилска треска со симптоми како главоболки, омалаксаност, треска, повраќање и замор.
Околу 80 отсто од заразените со вирусот немаат никакви симптоми, додека помалку од еден отсто од заразите може да предизвикаат сериозна болест, што го напаѓа нервниот систем.
Пет лица починале од вирусот во Грција, две во Италија и еден во Шпанија, според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Локалните медиуми во Шпанија, сепак велат дека две лица починале од вирусот, додека градовите на југот на земјата започнуваат со мерки за превенција и покрај притисокот на локалците.
Според европската институција, бројките се во рамки на очекувањата, иако бројот на случаи во Грција и Шпанија е повисок од претходно. Грција има пријавени 31 случај, Италија 25 и Шпанија пет. Австрија, Унгарија и Србија исто така имаат пријавено по два случаи, додека во Франција и Романија е регистриран само по еден случај.
Во сите региони каде што се појавува болеста оваа година, имало случаи и претходно или имале соседни региони каде што биле регистрирани случаи.
Засега нема вакцини или лекови кои може да го спречат западнонилскиот вирус. Мерките за спречување на инфекцијата вклучуваат употреба на средства за заштита од комарци, носење облека што го покрива поголемиот дел од телото и спиење во заштитени или климатизирани простории.
Извор: Политико