Осум земји од ОПЕК плус најавија големо зголемување на производството на нафта

Осум држави-членки на Организацијата на земји извознички на нафта плус (ОПЕК плус) денес објавија ново покачување на продукцијата на нафта.

Според известувањето од ОПЕК плус, тие ќе црпат дополнителни 411.000 барели нафта секојдневно, што е тројно повеќе од планираното.

Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман во претходните години се согласија да го намалат производството на нафта за вкупно 2,2 милиони барели дневно, со цел да ја одржат вредноста на нафтата.

Членките на ОПЕК плус на почетокот на годината постепено започнаа да ја зголемуваат продукцијата на нафта, но во април го интензивираа ритамот.

Ова резултираше со намалување на цената на нафтата на околу 60 долари за барел, што беше најниско ниво во последните четири години.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годината побара од Саудиска Арабија да ја зголеми продукцијата на нафта со цел да се редуцира цената на „црното злато“.

Зачлени се на нашиот е-билтен