„Оушн Викинг“ спаси 25 мигранти во близина на брегот на Либија

Фото: Daniel Leite Lacerda, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Хуманитарниот брод „Оушн Викинг“, кој го изнајмува организацијата „СОС Медитеран“, денеска спаси 25 мигранти во близина на либискиот брег, меѓу кои три жени и седум малолетни лица, соопшти невладината организација со седиште во Марсеј.

Спасените биле предадени на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а нивното спасување било извршено откако еден од мигрантите, користејќи мобилен телефон, испратил повик за помош од нестабилен брод.

Според последните податоци на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годинава во Средоземното Море исчезнале или загинале 247 лица додека се обидувале да стигнат до Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен