Собраниската Комисија за избори и именување ја изгласа предлог-одлуката за именување на нови членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија.
Марјан Велевски, Билјана Бабиќ, Владимир Палашевски, Давор Пашовски, Ивана Ефремовски, Томислав Кежаровски, Миле Гроздановски, Бурим Рамадани, Мубајдин Ќамили, Беким Лачи, Патриот Лумани и Маја Седраг се кандидатите кои беа изгласани на пленарната седница.
Пратеникот од „Вреди“, Ријад Шаќири, претходно предложи пет кандидати за членови на Програмскиот совет од албанската заедница, но од предложените не помина Ведат Мемедалиу, кој не ги исполнувал условите, а потоа пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ ја предложи Маја Седрак.
Шест години јавниот сервис – Македонската радио-телевизија функционираше со в.д. Програмски совет, тело кое според законот треба да гарантира независност, професионалност и јавен интерес во креирањето на програмската политика.