Синоќа, на 15 мај, во Базел, Швајцарија, се одржа второто полуфинале на Песната за Евровизија 2025. По завршеното гласање, беа објавени имињата на десетте земји кои обезбедија пласман во големото финале.
Во финалето продолжуваат: Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Финска, Малта, Луксембург и Грција.
Уште поголемо изненадување за регионот е што ниедна земја од поранешна Југославија не помина во финале, што предизвика разочараност кај многу евровизиски фанови од Балканот.
Во центарот на вниманието е Шведска, која според сите обложувалници важи за најголем фаворит за победа. Нив ги претставува музичката група KAJ со песната „Bara bada bastu“, инспирирана од сауна културата, а се изведува на шведски јазик, што се случува првпат по 1998 година.
Песната доби огромна поддршка во земјата и постави рекорд по бројот на гласови на Мелодифестивален, националниот избор за Евровизија.
Шведска е една од најуспешните земји во историјата на натпреварот – седум пати победници (1974, 1984, 1991, 1999, 2012, 2015 и 2023), а сите прогнози укажуваат дека 2025 може да биде нивната осма победа.
Големото финале ќе се одржи во сабота, 17 мај, и се очекува со големо нетрпение.