Папата Франциск рече дека е тажен поради изгубените животи и огромната штета предизвикани од разорните пожари во Лос Анџелес и упати сочувство до погодените од оваа природна катастрофа.
Државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин до надбискупот од Лос Анџелес во име на Папата упати порака дека тој е во духовна блисокст со погодените.
„Доверувајќи ги душите на починатите на милоста на Семоќниот Бог, Неговата Светост изразува искрено сочувство до оние кои жалат за нивната загуба“, се вели во соопштението.