Десетици илјади луѓе се собраа на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан за канонизација на италијанскиот тинејџер Карло Акутис, наречен „Божји инфлуенсер“ за неговите напори за ширење на католичката вера преку интернет. Папата Лав XIV официјално го прогласи 15-годишниот Акутис, кој почина од леукемија во 2006 година, за прв милениумски светец на Црквата, со овации од толпата.
Поклоници го наредени целиот плоштад пред базиликата „Свети Петар“, многу од нив млади луѓе мавтаа со знамиња и слики од „кибер апостолот“. „Карло Акутис е пример за мене затоа што успеа да го комбинира својот секојдневен живот – училиште, фудбал и страст за компјутери – со непоколеблива вера“, рече 17-годишниот Филипо Белавити. Тој ја опиша атмосферата во неделата како „прекрасна“, додавајќи: „Гледајќи луѓе од толку многу делови од светот, ја чувствувате љубовта кон Карло за сè што направил“.
#CarloAcutis e Pier Giorgio #Frassati são santos!
— Vatican News (@vaticannews_pt) September 7, 2025
Eis o momento em que o #PapaLeãoXIV lê em latim a fórmula de canonização. pic.twitter.com/nBuaztWsSH
Околу 800 луѓе пристигнаа со специјален воз од Асизи, каде што телото на Акутис лежи во стаклена гробница, облечен во фармерки и патики „Најк“. Мисата беше прикажана и на големи екрани во Асизи, средновековен град и место за поклонение во централна Умбрија.
Мајката на Акутис, Антонија Салцано, рече дека нејзиниот син сака да им се заблагодари на сите што дојдоа да го прослават неговото вознесение на светиот олтар. Во видео објавено од епархијата Асизи, таа рече дека нејзиниот син е доказ дека „сите сме повикани да бидеме светци… секој е посебен“.
Примерен живот
Акутис, роден во Лондон во 1991 година од италијански родители, имал силна вера, иако неговото семејство не било особено религиозно. Тој пораснал во Милано, каде што секојдневно присуствувал на миса и бил познат по својата љубезност кон злоупотребените деца и бездомниците, на кои им носел храна и вреќи за спиење.
Страствен гејмер, Акутис go научил сам основноto кодирање и ги користел своите вештини за да документира чуда и други аспекти на католичката вера преку интернет. Доменико Сорентино, епископ од Асизи, ги повика младите луѓе да го следат неговиот пример: „Денес, повеќе од кога било, ни требаат позитивни примери, приказни од реалниот живот што можат да им помогнат на нашите млади луѓе да не следат обесхрабрувачки слики, насилство и минливи трендови што не оставаат ништо зад себе.“
Ватикан го призна Акутис како извршител на две чуда по неговата смрт, неопходен чекор на патот кон светост. Првото беше исцелување на бразилско дете со ретка абнормалност на панкреасот, второто беше закрепнување на студент од Костарика сериозно повреден во несреќа. Во двата случаи, роднините се молеа за помош на младиот човек, кој беше беатифициран во 2020 година од папата Франциск.
Меѓу присутните беше и 15-годишната Елеонор Хаузер, на училишна екскурзија од Северна Каролина, САД. Таа рече дека нејзината баба, католик, ѝ раскажувала за Акутис. „Тоа покажува дека можеш да направиш многу, дури и кога си млад, можеш да оставиш трага во светот, без разлика колку години имаш“, рече таа.