Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Папата се уште е во критична состојба со знаци на „благо“ откажување на бубрезите

Папата Франциск и понатаму е во критична состојба, според Ватикан, а тестовите на крвта покажале благи знаци на бубрежна инсуфициенција „која моментално е под контрола“, соопшти Ватикан во неделата.

Се додава дека понтифот не покажал дополнителни респираторни кризи од вчера вечерта.

Некои од неговите тестови на крвта укажуваат на „почетна, блага бубрежна инсуфициенција, која моментално е под контрола“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата продолжува да биде „внимателен и добро ориентиран“.

Франциск, кој продолжува да добива кислород, учествувал на светата миса од станот поставен на 10-тиот кат во болницата Гемели во неделата наутро, се вели во соопштението.

„Комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање фармаколошките терапии да дадат одредени повратни информации, бараат прогнозата да остане резервирана“, соопшти Ватикан.

Зачлени се на нашиот е-билтен