Азербејџан трупа воена сила на границата со Ерменија и на демаркационата линија со Нагорно Карабах, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан на состанокот на владата, опишувајќи ја ситуацијата како експлозивна.
– Во изминатава недела воено-политичката состојба во нашиот регион се влоши. Тоа е затоа што Азербејџан во последните денови масовно трупа војска долж линијата за одвојување во Нагорно-Карабах и на границата меѓу Ерменија и Азербејџан. Антиерменската реторика и говорот на омраза се засилени во азербејџанскиот печат и на пропагандните платформи, изјави ерменскиот премиер.
Пашинјан ја повика меѓународната заедница и земјите-членки на Советот за безбедност на ОН да преземат сериозни чекори за да спречат нова експлозија на тензии во регионот.
– Ерменија е подготвена и сака да потпише мировен договор со Азербејџан и ја повторуваме нашата посветеност на глобалната агенда врз основа на договорите потпишани во Брисел и Прага, како и на трипартитниот договор меѓу лидерите на Ерменија, Азербејџан и Русија, рече тој, пренесува ТАСС.