Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пашинјан: Потпирањето само на Русија во безбедносната сфера е „стратешка грешка“

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека политиката на неговата земја да се потпира исклучиво на Русија за да ја обезбеди нејзината безбедност е „стратешка грешка“ бидејќи се покажало дека Москва е неспособна да придонесе нешто и во моментов нејзината улога во поширокиот регион на Јужен Кавказ се намалува.

Во интервју за италијанскиот весник „Република“, Пашинјан ја обвинува Русија дека не ја гарантира безбедноста на Ерменија пред, како што вели, агресијата на соседен Азербејџан врз сепаратистичката енклава Нагорно-Карабах, пренесе БТА.

Ерменскиот премиер смета дека Русија, која потпиша договор за одбрана со Ерменија и има воена база таму, не ја смета неговата земја доволно проруска, додавајќи дека верува оти Москва е во процес на повлекување од поширокиот регион на Јужен Кавказ. 

Затоа Ереван се обидува да ги диверзификува своите врски во безбедносната сфера, посочи Пашинјан, осврнувајќи се на развојот на односите со Европската унија и САД, како и обидите за градење поблиски врски со земјите од регионот.

– Безбедносниот систем на Ерменија е 99 отсто поврзан со Русија, вклучително и кога станува збор за снабдување со оружје и муниција. Денес, меѓутоа, гледаме дека на самата Русија и треба оружје и муниција (за војната во Украина) и во оваа ситуација е разбирливо дека дури и да сака, Руската Федерација не може да ги задоволи безбедносните потреби на Ерменија, изјави Пашинјан за „Република“.

Сегашната ситуација, резимира ерменскиот премиер, покажува дека потпирањето само на еден партнер во областа на безбедноста е стратешка грешка.

Треба да знаете
Moже да ве интересира