Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Патнички авион и воен хеликоптер се судрија над Вашингтон, се стравува дека нема преживеани

Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер.

Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми.

Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници.

-Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас, пренесе Волстрит џурнал. Според претставници од авиоиндустријата и владата, во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Во воениот хеликоптер Black Hawk се наоѓале три лица.

Според последните информации што ги пренесува Си-Ен-Ен, спасувачите сè уште не извлекле ниту еден преживеан од водата, изјави извор од органите на редот. Изворот вели дека авионот е на парчиња во вода, а хеликоптерот е исто така во близина. Аеродромот ќе биде затворен најмалку до 11 часот по полноќ во четврток, соопштија аеродромските власти.

Авионот, Летот 5342 на Американ Ерлајнс со 60 патници и четворица членови на екипажот, полетал од Вичита, Канзас, според авиокомпанијата. Тројца војници се наоѓале во хеликоптерот, кој бил на тренажен лет, велат властите.

Сударот се случил некаде пред 21 часот локално време, моменти пред слетувањето на патничкиот авионот. Леталата се урнале во реката Потомак.

За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп.

-Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни, изјави Трамп.

Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош

Зачлени се на нашиот е-билтен