Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Педро Санчез на чело на привремената Влада на Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез од денеска ја предводи привремената Влада до изборот на новата влада, откако ниту една партија не освои мнозинство на парламентарните избори во неделата.

Кралот Фелипе Шести издаде декрет според кој, Санчез останува на чело на привремената Влада која ќе се занимава со тековните работи „додека новиот шеф на владата не ја преземе функцијата“.

Ниту една партија не освои мнозинство во Парламентот за да владее сама. Преговорите за коалиции почнаа, но атмосферата за можни нови избори веќе почнува да преовладува.

Конзервативната опозициска Народна партија освои 136 од 360 места во Парламентот, а за апсолутно мнозинство се потребни 176 места.

Лидерот на таа партија, Алберто Нуњез Феихо, вчера почна разговори со неколку партии за формирање влада, но неговите напори се чини дека се осудени на неуспех, бидејќи екстремно десничарската Вокс е непопуларна за другите партии.

Баскиските националисти му порачаа на лидерот на Народната партија дека не сакаат да разговараат со него.

На изборите Социјалистичката партија на премиерот Санчез освои 122 пратенички места, а радикалната левица Сумар освои 31 место. Тие две партии обединети и со поддршка на баскиската и каталонската партија би можеле да имаат мнозинство во Парламентот.

Зачлени се на нашиот е-билтен