Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пекинг ја откажа посетата на Борел на Кина

Пекинг ја откажа посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, што беше планирана за следната недела, изјави портпаролката на ЕУ, Набила Масрали.

– За жал, од нашите кинески колеги бевме информирани дека закажаните датуми за следната недела веќе не се достапни и треба да бараме нови алтернативи, посочи Масрали.

Претходно беше објавено дека на 10 јули Борел ќе отпатува за Кина и ќе се сретне со министерот за надворешни работи Чин Ганг. 

Зачлени се на нашиот е-билтен