Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков: Нема многу надеж дека ќе биде продолжен Договорот за житото

 Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека „нема многу надеж“ оти договорот за транспорт на житото преку Црното Море ќе биде продолжен.

Договорот за житото, според кој Русија ја гарантираше безбедноста на бродовите со жито што одат до и од украинските пристаништа, истекува на 18 јули.

„Фајненшл тајмс“ објави дека ЕУ го разгледува предлогот Руската земјоделска банка да формира подружница за повторно поврзување со глобалната финансиска мрежа како поттик за Москва да го продолжи договорот. Кога договорот беше потпишан во јули 2022 година, ОН и Русија потпишаа и меморандум за разбирање, со кој се обврзаа ОН да обезбедат непречен пристап до глобалните пазари за руските ѓубрива и други производи.

Русија бара за исполнување на меморандумот да се исполнат неколку услови, вклучително и реадмисија на Руската земјоделска банка (Росселхозбанк) во белгискиот меѓународен банкарски систем за плаќање СВИФТ (SWIFT)

Извор,(МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен