Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави развој на стратешко партнерство меѓу Хрватска и Израел на средбата со шефот на израелската дипломатија Ели Коен.
Пленковиќ на средбата истакнал дека е задоволен од зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете земји и нивното најавено стратешко партнерство, соопшти кабинетот на премиерот.
Тема на средбата биле и безбедносните предизвици и справувањето со последиците од руската агресија врз Украина. Пленковиќ и Коен разговарале и за перспективите за понатамошен развој на економската, енергетската и туристичката соработка, а Пленковиќ му се заблагодари на Израел за поддршката за членството на Хрватска во ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој