Нето вредноста на странските средства што ги поседуваат јапонските компании, домаќинствата и владата се зголеми за 13 проценти во 2024 година на 533,05 трилиони јени (3,26 трилиони евра), според податоците од јапонското Министерство за финансии.
Ова е рекордна бројка за Јапонија, но овој пат заостанува зад Германија, која има странски средства во вредност од 3,49 трилиони евра.
Кина останува на третото место, со странски средства проценети на 3,16 трилиони евра, објавува „Блумберг“.
Растот на странските средства во Германија овозможи значителен суфицит на тековната сметка, кој достигна 248,7 милијарди евра минатата година.
Во Јапонија, оваа бројка изнесуваше 29,4 трилиони јени, или 180 милијарди евра. Во меѓувреме, еврото се зголеми за околу еден процент во однос на јенот во изминатата година.
Јапонскиот министер за финансии Кацунобу Като рече дека губењето на статусот на Јапонија како најголема земја-кредитор во светот не е причина за загриженост и во обраќањето до новинарите истакна дека нето странските средства на Јапонија постојано се зголемуваат.
ИЗДВОЕНИ