По признавањето на Палестина, жестока реакција од Израел: „Следи целосно уништување“

Откако Велика Британија, Канада и Австралија ја признаа Палестина, пристигна првата реакција од Израел – од министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.

Тој најави дека на следната седница на владата ќе го покрене прашањето за анексија на Западниот Брег како одговор на признавањето на палестинската држава.

„Признавањето на палестинската држава од Велика Британија и Канада, како награда за убијците од Тевкбе, бара итни контрамерки: веднаш да се примени суверенитет во Јудеја и Самарија (Западен Брег, з.н.) и целосно уништување на палестинската терористичка власт“, изјави Бен-Гвир.

Елитната единица „Тевкбе“ е дел од Хамас и ја предводеше офанзивата врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Намерам да поднесам предлог за примена на суверенитет на претстојниот состанок на владата“, додаде Бен-Гвир.

Од неговата партија повторуваат став дека „не постои палестински народ ниту палестинска држава“ и дека „земјата му припаѓа исклучиво на Израел“.

Покрај тоа, претходно овој месец, министерот за финансии Безалел Смотрич предложи Израел да анектира 82 проценти од Западниот Брег во обид да се спречи создавање на палестинска држава.

Зачлени се на нашиот е-билтен