Откако уште една новогодишна ноќ во Германија беше одбележана од повреди и смртни случаи поради пиротехника, во земјата се актуелизираше дебата за нови ограничувања или евентуални забрани за огномет низ целата земја.
За забрана за огномет е и министерката за внатрешни работи за Берлин, Ирис Спренгер, која рече дека може да има ограничени локални исклучоци, но дека федералната влада мора да дејствува.
„Ги поддржувам повиците за општа забрана за огномет“, изјави Спрангер за ДПА.
Во моментов огнометите се регулирани како експлозиви, но генерално се дозволени, при што на локалните власти им е доделено само одредено ограничено овластување да наметне дополнителни ограничувања.
Во Берлин во последните години имаше прослави со големи огномети низ целиот град, а Спрангер рече дека претпочита нова законска рамка што ќе му овозможи на градот да го ограничи огнометот само на неколку одредени „зони со дозвола за пиротехника“.