Жан Мари Ле Пен, основачот на француската крајнодесничарска партија Национален фронт, почина на 96-годишна возраст, пренесува Sky News.
Ле Пен ја шокираше француската политичка сцена во 2002 година, кога со својата контроверзна реторика и харизма неочекувано стигна до вториот круг на претседателските избори, каде што се соочи со Жак Ширак.
По повлекувањето од активната политика, раководството на партијата во 2011 година го презеде неговата ќерка, Марин Ле Пен. Под нејзино водство, партијата – сега преименувана во Национален собир – се трансформира во една од водечките политички сили во Франција. Марин Ле Пен досега трипати се кандидираше за претседател на Франција.
Смртта на Жан Мари Ле Пен означува крај на ера за француската крајнодесничарска политика, оставјќи зад себе сложено политичко наследство.