Десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) веднаш реагираше на неуспехот на лидерот на демохристијаните, Фридрих Мерц, да добие доверба во германскиот Бундестаг. Шефицата на AfD, Алис Вајдел, му порача директно: „Поднеси оставка, веднаш!“
Мерц остана шест гласа краток за да обезбеди мнозинство, а сега има две недели да се обиде повторно со својата ЦДУ, ЦСУ и СПД да формира владејачко мнозинство.
„Гласањето покажува на колку слаби темели се базира малата коалиција помеѓу Унијата и СПД, која избирачите веќе ја отфрлија“, напиша Вајдел на „Икс“.
Парламентарниот директор на AfD, Бернд Бауман, отиде уште подалеку:
„Ова е добро. Оваа изборна измама, некој да стане канцелар на овој начин, не смее да помине. Мерц доби сметка за махинациите – за еден преседан на изборна измама каков што Германија досега не видела.“
Историски шок и можно сценарио
Мерцовата ЦДУ, во коалиција со ЦСУ, победи на изборите во февруари, но не успеа да обезбеди стабилно мнозинство. Алтернатива за Германија беше втора – со најдобар резултат во својата историја – додека СПД доживеа историски пад.
Сите други партии во парламентот категорично одбиваат соработка со AfD поради нивната екстремно десничарска политика. Сепак, во последните анкети, AfD веќе има предност пред демохристијанскиот блок.
Ако нова влада не се формира во законски предвидениот рок, Германија може да се соочи со нови избори – нешто што не беше сценарио предвидено во плановите на Мерц и неговите сојузници.