Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Погодени два воени брода во ракетен напад врз руската поморска база на окупираниот Крим

Украина изврши ракетен напад врз руската поморска база на привремено окупираниот Крим, при што се погодени и оштетени два брода, меѓу кои, наводно и подморницата од класата Кило

Како што јавува Би – Би – Си повикувајќи се на руски извори, Украина лансирала 10 проектили и три чамци без екипаж во напад на домот на руската црноморска флота на Крим.

Нападот предизвикал голем пожар во бродоградилиштето во Севастопол, при што наводно биле повредени 24 лица, соопшти Русија.

Гувернерот на Крим поставен од Москва, Михаил Развозаев тврди дека повеќето од опроектилите биле пресретнати.

Министерството за одбрана на Руската Федерација објави на својот Телеграм канал за напад со крстосувачки ракети врз бродоградилиштето Орџоникиџе во привремено окупираниот Севастопол, при што два брода претрпеа оштетувања.

Фотографијата споделена од Развозаев на Телеграм покажува пламен како проголтува нешто што изгледа како брод на пристаниште додека тој стои и зборува во својот телефон.

Фото: Твитер

Се смета дека се наоѓа во област каде што бродовите биле подложени на поправки, но не е јасно дали некои од пловила на сувите докови, вклучително и една подморница, се оштетени.

Видеата и сликите кои кружат на социјалните мрежи, а кои Би-Би-Си допрва треба да ги потврди, покажуваат неколку големи експлозии во областа.

Самиот факт што некои проектили поминаа низ руската противвоздушна одбрана и се чини дека направија значителна штета претставува дополнителна загриженост во Москва.

Седум од проектилите се соборени и сите три чамци без екипаж се уништени, тврди Министерството за одбрана на земјата. Украина се уште не го коментираше нападот на Крим.

Во исто време, аналитичарот на OSINT, Оливер Александар, тврди дека подморницата од класата Кило и бродот за слетување од класата Ропуча биле видени како се запалиле на сувиот док на бродоградилиштето, пренесува Укринформ.

Русија илегално го анектира Крим од Украина во 2014 година и овој напад ја покажува борбата за контрола на водите. Украина постојано ја одржува својата крајна цел да го врати полуостровот назад.

Украина и претходно ги гаѓаше Севастопол и Црноморската флота, но се чини дека ова е еден од нејзините најусогласени напади досега. Остануваат прашањата за тоа кое оружје е користено во овој напад – предложени се проектили со долг дострел обезбедени од Запад, но исто така може да се користат и ракети Нептун од украинско производство.

Ракетите Нептун беа успешно користени за потопување на крстосувачот Москва – предводник на Црноморската флота.

Во меѓувреме, руските беспилотни летала наводно го оштетиле украинското пристаниште за жито Измаил, на реката Дунав.

Гувернерот на областа Одеса, Олех Кипер изјави дека шест лица се повредени во нападот, кој предизвика пожар и оштетена инфраструктура.

„Неколку групи дронови беа лансирани во областа Измаил“, рече Кипер на Телеграм. „За жал, имаше удари: евидентирана е штета на пристаништето и друга цивилна инфраструктура.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново