Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Политички земјотрес во Австрија, Курц се враќа на голема врата?

Австрискиот канцелар Карл Нехамер од Австриската народна партија (ÖVP) официјално ја прекина коалицијата со Социјалдемократската партија (SPÖ) и поднесе оставка од позицијата канцелар. Ова следува по неуспехот во преговорите за формирање нова влада, кои не доведоа до договор за клучните точки.

„Се обидовме да постигнеме договор, но без успех. Во такви околности, не гледам можност за позитивна иднина на Австрија“, изјави Нехамер, објаснувајќи го крајот на коалициските преговори.

Тој, исто така, најави дека ќе поднесе оставка и како лидер на ÖVP. За денес се очекува партијата да објави нови чекори, а медиумите веќе извештаваат дека оставката на Нехамер е конечна.

Тројца политички фигури се споменуваат како потенцијални наследници на Нехамер. Меѓу нив е и поранешниот канцелар Себастијан Курц, кој според извори на „Кроне“, има сè поголема поддршка во партијата за враќање на функцијата канцелар. Неговата најголема конкуренција во трката е Каролина Едшедлер од Салцбург, која има силна поддршка и се смета за блиска соработничка на Курц. На списокот е и Волфганг Хатмансдорфер, генералниот секретар на Стопанската комора.

Коалициските преговори започнаа во октомври, кога австрискиот претседател му ја довери задачата за формирање нова влада на Карл Нехамер. Преговорите за коалиција со СПО и либералната партија Неос пропаднаа, а во петокот Неос ја напуштија преговорите. Социјалдемократите продолжија да преговараат, но без успех.

Австрија влегува во нова политичка криза, која ќе има големи последици за идниот состав на владата и политичката стабилност во земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен