Зголемувањето на илегалната миграција и анемичната економија во ЕУ, како и војната во Украина резултираа со рекорден раст на европските екстремно десничарски партии, поттикнувајќи стравувања за тектонско поместување в десно на политичкиот пејзаж на Европа, оценува бриселскиот портал „Политико“.
Така, партијата Браќата од Италија (ФДИ) стана дел од италијанската Влада, која ја предводи нејзината лидерка Џорџија Мелони, на Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен му недстига само еден процентен поен за да биде најјака политичка партија во Франција, а подем бележат и партиите на екстремната десница во Холандија, Австрија и скандинавските земји.
Но, како што наведува „Политико“, едно е кога екстремната десница бележи раст во земји како Финска или Белгија, но она што предизвикува голема загриженост е фактот што крајно десничарската Алтернатива за Германија (АФД) ја зголемува својата популарност меѓу германските гласали. Според анкетите, оваа антиимигрантската и отворено проруска партија за една година двојно ја зголеми својата популарност, достигнувајќи поддршка од над 20 проценти, заостанувајќи за околу пет процентни поени зад водечката политичка сила во Германија – умерената конзервтивна Христијанско демократска унија (ЦДУ).
Според аналитичарите, голема заслуга за подемот Алтернатива за Германија (АФД) имаат и неогласувањата и поделбите во германската владина „семафор“ коалиција на Олаф Шолц, што ја сочинуваат неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Зелените и либералната Слободна демократска партија (ФДП), но сепак главна причина за подемот на оваа екстремна десничарска партија е проблемот со растечката мигрција.
– Драматичен раст на илегалната миграција придонесе за подемот на АФД, поттикнувајќи ја загриженоста кај многумина во земјата дека владејачката структура целосно ја загубила контролата врз границите на Германија. Германската полиција оваа година приведе околу 43.000 мигранти кои сакале илегално да влезат во Германија, што е зголемување за повеќе од 50 отсто во однос на истиот период лани, наведува „Политико“, додавајќи дека најголем прилив на илегални мигранти е регистиран на источната германска граница кон Полска, каде бројот на обиди за илегален влез во Германија бележи раст од 140 отсто.
Дополнителен проблем што оди во прилог на раст на популарноста на екстремната десница во Германија е и зголемувањето на насилниот криминал за над 20 отсто само во текот на минатата година, при што многумина Германци гледаат поврзаност помеѓу зголеменото ниво на криминал и миграцијата. Според полициската статистика, странците, кои сочинуваат околу 16 отсто од 83-милионското население на Германија, се сторители на една третина од криминалните дела во 2022 година.
– Перцепцијата дека мигрантите се најголема закана за јавната безбедност е поттикната од речиси секојдневните извештаи за сторени злосторства за кои главни осомничени се странците, како што беа двете неодамнешни групни силувања во Берлин, се наведува во анализата.
Но, според „Политико“, иако приказната за поврзаноста на криминалот и миграцијата е картата на која веќе подолго време игра АФД, она што дополнително и оди во прилог на оваа партија е забавувањето на германската економија и стравувањата за можен пад на индустриското производство во Германија. И покрај привлечноста на нејзините анти-естаблишмент пораки, АФД изминативе години не успеваше да привлече поголем број гласачи благодарение на манифестираната отпорност и стабилност на гераманската економија.
– Со други зборови, иако на многу гласачи можеби не им се допаѓаше миграциската политика на поранешната канцеларка Ангела Меркел, тие сепак беа задовони со добрата економска состојба и не се оринетираа кон АфД. Но сега, германската економска криза се заканува да ја промени таа динамика, првпат од основањето на AФД во 2013 година, оценува „Политико“, потсетувајќи дека партијата веќе сега е најпопуларна политичка сила во делови на поранешната Источна Германија.
Сепак, на АФД и недостига она што е причина за подемот на повеќето екстремно десничарски партии – харизматичен лидер.
– Всушност, може да се каже дека партијата воопшто и нема лидер, а не пак да ја води некој од калибарот на Мелони или Ле Пен. Дуото кое раководи со партијата – Алис Вајдел и Тино Крупала – повеќе служат како администратори, отколку како стандардни лидери. Вајдел редовно го зазема последното место во рангирањето на 10-те „најзначајни политичари“ во Германија, а Крупала воопшто и го нема на листата, се посочува во анализата.
Но, првиот човек на АФД во источната германска покраина Тирингија, Бјорн Хоке се повеќе се наметнува како можен иден лидер на партијата. Хоке, кој важи за еден од најекстремните водечки личности на партијата, за разлика од повеќето лидери кои дојдоа на власт во Европа последниве години, не е политички опортунист и има ставови за расата и миграцијата, кои потсетуваат на фашистичката реторика од 30-тите години на минатиот век.
Иако Хоке не е особено популарен кај пошироката германска јавност, тој има значителна поддршка меѓу партиската базата на АФД. На неодамнешниот партиски конгрес, Хоке успеа да се избори еден од неговите блиски соработници да ја предводи кандидатската листа на АфД за изборите за Европскиот Парламент следната година.
– ЕУ мора да умре, за да живее вистинската Европа, порача Хоке на Конгресот на АФД.
Според „Политико“, за да се сфати каде би можела да се движи AФД, корисно е да се види искуството од Австрија.
– Таму, екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), која беше основана од поранешни нацисти во 50-тите години на минатиот век и служеше како пример за AФД, води на националните анкети од лани во ноември. Откако оставри голем напредок на неколку неодамнешни регионални избори, Партијата на слободата е фаворит за победа на парламентраните избори следната година, се наведува во текстот.
Ова, според „Политико“, е интересно не само затоа што платформа на ФПО ја отсликува онаа на АФД, туку затоа што лани во ова време, Австријците беа оддалечени од парламентарни избори, онолку колку што се сега оддалечени Германците од гласањето во 2025 година.
Лидерот на ФПО, Херберт Кикл, неодамна порача дека негова цел е по изборите да се формира двопартиската коалиција и новиот австриски канцелар да го даде Партијата на слободата
Извор МИА