Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полјаците се за солидарност во преместувањето на бегалците доколку ЕУ им помогне со Украинците

Мнозинството Полјаци, за разлика од полските власти, го поддржуваат предлогот за реформа на азилот во Европската Унија и обезбедување солидарна помош за најпогодените земји, додека 42 отсто од граѓаните очекуваат ЕУ да им помогне во грижата за Украинците, што Брисел инаку веќе го прави.

-Предлогот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, на кој властите во Варшава сакаат да распишат референдум, нарекувајќи го диктат од Брисел, го поддржуваат 55,6 отсто од Полјаците во новата анкета на агенцијата ИБРИС за полскиот весник „Жечпосполита“.

Во исто време, 42,9 отсто од анкетираните сакаат Полска да побара од ЕУ средства за помош на украинските бегалци, од кои во Полска останаа најмалку еден до 1,5 милиони.

Без поставување никакви услови, новата политика за азил ја прифаќаат 12,7 отсто од анкетираните, додека една третина, главно гласачи на владејачката партија Право и Правда, се против.

Минатата недела Сејмот на полскиот Парламент усвои резолуција во која бара од Владата решително да се спротивстави на промената на политиката за азил, со што би се вовел принципот на солидарност, а членките на ЕУ ќе им помогнат на земјите кои се најпогодени од миграцијата со релокација на бегалците, со материјална или финансиска помош.

Членовите кои не би сакале да прифатат мигранти може да испраќаат експерти со околу 20 илјади евра по одбиен бегалец годишно.

-Во моментот кога полскиот народ се изразува на референдумот тоа е еден вид аргумент, исто така во преговорите со Европската комисија. Но, тоа е правен аргумент: Полјаците одлучија на присилна преселба на таков начин и ЕК нема што да се меша, изјави денеска советникот на полскиот претседател Марцин Пшидач.

Според лидерот на партијата Право и Правда Јарослав Качински одлуката на ЕУ за присилното преместување на бегалците е „напад врз суверенитетот на Полска и не е во согласност со договорот на ЕУ“.

-Ние сакаме референдум за тоа. Ќе го организираме и тој референдум Полјаците мора да се изјаснат за тоа прашање, рече Качињски во парламентот.

Лидерот на полската опозициска Граѓанска коалиција, поранешниот долгогодишен премиер Доналд Туск, го обвини Качински дека се плаши од пораз на изборите и дека комбинирањето на изборите со референдумот за бегалците треба да му донесе дополнителни гласови.

По враќањето на бегалците од војната во Украина, Полска според новиот механизам треба да прими само 1.900 бегалци од погодените земји, а доколку не испрати материјална помош и експерти, одбивањето ќе ја чини 40 милиони евра.

Опозицијата по повод референдумот потсетува дека оваа сума не е ништо во споредба со над половина милијарда евра казни кои полските даночни обврзници ги платија затоа што Владата избра да ги игнорира привремените мерки на Судот на ЕУ во споровите со ЕУ, било да е тоа за судството или рудникот за јаглен и електрана Туров. 

Зачлени се на нашиот е-билтен