Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полска ги започна преговорите за купување на американските воени хеликоптери „Апачи“

Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, денеска информира дека започнале преговори со Соединетите Американски Држави за цената за купување на 96 хеликоптери од типот „Апачи“, пренесува Анадолија.

Блашчак во својата објава на социјалната мрежа Икс наведе дека американскиот Конгрес ја одобрил продажбата на таа воена опрема на Полска.

„Добивме одобрение од американскиот Конгрес да купиме 96 хеликоптери ‘Апачи’ со радар и оружје за Полска. Почнуваме преговори за цената“, рече Блашчак.

Тој додаде дека во текот на процедурата за набавка и до конечната испорака воените хеликоптери „Апачи“ ќе ѝ бидат доставени на Полска од сопствените резерви на американската армија.

Полската Влада минатата година одлучи да купи хеликоптери „Апачи“ како дел од своите чекори за зајакнување на војската по избувнувањето на руско-украинската војна.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново