Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Полска го деблокираше транзитот на украинско жито

Камиони со украинско жито

Почнувајќи од полноќ на 21 април, Полска го деблокираше движењето на украинските земјоделски производи во транзит низ земјата кон другите земји на ЕУ и полските поморски пристаништа. Првиот камионски конвој ќе тргне од граничниот премин Дорохуск за Холандија за еден час, изјави Михал Дерус, портпарол на комората за даночна управа во Лублин во коментар за Укринформ.

Според него, во моментов се подготвува конвој со украинска стока и наскоро ќе ја напушти границата.

„Веќе формиравме конвој од пет камиони и ја финализираме документацијата. Овие камиони веќе поминаа ветеринарна и царинска контрола, а на нив се поставуваат пломби. Првиот конвој ќе носи пченка, месо и јајца во Холандија“, вели тој. изјави Дерус.

Како што пренесува РСЕ, транзитот на украинските житарки е обновен со посебни мерки – запечатени камиони и вагони, опремени со ГПС-тракери, а забраната за увоз на голем број земјоделски производи, од жита до месо и јајца до мед, останува на сила до крај на јуни.

Житариците од Украина можат да влезат во Полска само ако нивната дестинација е граничен премин во земјите членки на Европската унија или некое од балтичките пристаништа каде што ќе бидат товарени на бродови и транспортирани, што е целта на „солидарниот коридор“, до земјите од Блискиот Исток и Африка.

Според новите прописи кои стапија на сила, житото првично ќе се транспортира во конвои со придружба за да се осигураат домашните цариници дека житото нема да биде тајно истоварено некаде во Полска.

Д. Мишев (CivilMedia)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново