Полска го отповика својот амбасадор во Будимпешта со што ја потврди одлуката за спуштање на нивото дипломатското претставништво наво Унгарија.
Овој потег следува по објавата во среда од Левенте Маѓар, државен секретар за надворешни работи на Унгарија, кој го опиша отповикувањето на Полска „за жалење“ и „без преседан“ во историјата на односите во Централна Европа.
Маѓар ја припиша одлуката на постепено влошување на политичките врски, но нагласи дека ситуацијата е привремена и вети дека ќе двете земји ќе го одржат дијалогот, нагласувајќи го долгогодишното пријателство меѓу двете земји и покрај сегашните несогласувања.
Осврнувајќи се на ова, портпаролот на полското Министерство за надворешни работи, потврди дека министерот Радослав Сикорски, го повикал полскиот амбасадор во Унгарија на „неопределени консултации“ во Варшава.
Оваа одлука беше поттикната откако Унгарија му додели азил на пратеникот на ПиС и поранешен заменик-министер за правда, Марчин Романовски, кој е под истрага за неговата вмешаност во случајот со Фондот за правда за време на претходната полска влада.