Полска и Франција ќе потпишат пакт

Полска и Франција денеска ќе потпишат договор со кој ќе се обврзат на заемна помош во случај на воена закана, изјави полскиот премиер Доналд Туск пред да отпатува за Франција.

  • Одредбата што ја имаме во договорот е дека во случај на закана од напад врз Полска или Франција, двете земји се обврзуваат да обезбедат помош, вклучително и воена поддршка. Од моето искуство, одредбите на договорот се револуционерни од перспектива на нашата безбедност, посочи Туск.

Тој додаде дека со договорот се отвора можност за евентуално проширување на францускиот нуклеарен чадор кон Полска.

Туск посочи дека полско-францускиот договор не е алтернатива на односот на Варшава со Вашингтон.

  • Ни треба и Америка и силна Европска Унија, исто така и во воена смисла, наведе Туск.

Договорот ќе биде потпишан во францускиот град Нанси.

Туск најави и дека Полска и Франција ќе преземат заеднички иницијативи за постигнување мир во Украина, но не наведе детали.

Зачлени се на нашиот е-билтен