Дали Полска врти кон десно? Десниот националист Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.
Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.
Излезноста беше 71,6 проценти.
Навроцки е независен кандидат поддржан од опозициската партија Право и правда, додека Тржасковски е кандидат на владејачката Граѓанска коалиција.
Во првиот круг, 31,92 проценти од гласачите гласаа за Тржасковски, а 30,62 проценти за Навроцки.
На изборите право на глас имаа повеќе од 29 милиони Полјаци.