Поради царините на Трамп, Кина паѓа во втор план – Еве каде се сели ЕПЛ

Apple беше една од најголемите жртви на царините на Доналд Трамп. Сега имаат план со кој сакаат да ја намалат зависноста од Кина.

Досегашниот стил на владеење на Доналд Трамп, обележан со хаотично и агресивно донесување одлуки, создава постојана неизвесност. Тешко е, односно скоро невозможно е да се предвиди што ќе му падне на ум утре или каква одлука би можел да донесе која би ја шокирала американската и светската јавност. Доволно е само да се потсетиме на апсурдните идеи како присвојување на Канада и Гренланд, како и наметнување царини кои го потресоа светскиот пазар, за потоа да ги одложи или делумно повлече.

Технологиите, особено американските компании како Apple, се особено чувствителни на вакви потези, бидејќи зависноста од Кина ги доведува во незавидна ситуација. По најавата на новите царини од страна на Трамп, Тим Кук и неговиот тим не чекаа расплет, туку веднаш започнаа со акција. Како што пишувавме претходно, Apple на царините реагираше испраќајќи во САД повеќе товарни авиони од Индија со дури 600 тони iPhone, што одговара на испорака од околу 1,5 милиони уреди, обидувајќи се да ја предвиди дополнителната цена.

Долгорочни промени

Меѓутоа, таа пожарна мерка беше само привремено решение, а во компанијата веќе подготвуваат долгорочна стратегија за да се заштитат од вакви одлуки кои би можеле да им наштетат на бизнисите. Клучот на нивниот план повторно е во Индија. Иако производството во оваа земја е нешто поскапо отколку во Кина, Apple веднаш започна преговори со главните производствени партнери, Foxconn и Tata, за значително зголемување на производството.

Во моментов, овие две компании имаат три фабрики во Индија, а во план е изградба на уште две.

Првата жртва на новите царини на Трамп: Nintendo ја одложува продажбата на Switch 2 во САД.

Од крајот на следната година, Apple има намера да продава само телефони произведени во Индија. Производството на iPhone во оваа земја до крајот на следната година би требало да се удвои на околу 80 милиони парчиња годишно. Од повеќе од 60 милиони телефони кои Apple ги продава во САД, денес околу 80 отсто од нив се произведени во Кина.

По најавата за големи царини од Трамп, Apple изгуби неколку стотици милијарди долари од својата пазарна вредност, но кога Трамп најави одложување на царините (но не и за Кина), цената на акциите повторно порасна и пазарната вредност сега е над 3 билиони долари.

Извор: Mac Rumors

Зачлени се на нашиот е-билтен