Поради птичји грип, Шпанија нареди целата живина да се чува во затворен простор

Шпанското Министерство за земјоделство денеска издаде наредба целата живина да се чува во затворени објекти поради зголемениот ризик од појава и ширење на птичји грип, пренесува Ројтерс.

Минатата недела Шпанија наложи затворање на живината само во одредени високо ризични подрачја, со цел да се спречи ширењето на вирусот. Новата мерка, пак, важи за сите фарми низ земјата – вклучително и оние со органско производство и малите семејни производители.

Целта е да се спречи контакт меѓу живината и преселните птици, кои може да бидат преносители на вирусот.

Дополнително, забрането е држење патки и гуски заедно со друг вид живина, употреба на нетретирана површинска вода, како и организирање саеми или изложби на птици.

Извор: N1info.rs

Зачлени се на нашиот е-билтен