Поранешен војник упатувал смртни закани на интернет кон белгискиот премиер Александер де Кро, објавија локалните медиуми.
Околу домот на поранешниот војник распоредени полициски сили, но засега нема информации дали тој е приведен.
Исто така се распоредени дополнителни полициски сили околу домот на Де Кро.
Според белгиските медиуми сè уште е непознато дали поранешниот војник е опасен и дали имал намера да ги реализира своите закани.
Во видеото од заканите се гледа како поранешниот војник закачува слика од Де Кро на дрво и пука неколку пати.
Белгиските властите сè уште не го коментирале случајот поради тековната истрага.