Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила.

Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19.

Комитетот за привилегии на британскиот Парламент истражува дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваат во Даунинг стрит за време на „карантинот“ поради Ковид-19, на кои присуствувал и тој

Зачлени се на нашиот е-билтен