Долгата војна меѓу Ерменија и Азербејџан доби нов пресврт со потпишување на мирен договор во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. Иако ова може да изгледа како крај на конфликтот, експертите предупредуваат дека станува збор само за прва станица на долг и сложен пат, објави „Дојче Веле“.
Станува збор за краток граничен појас од околу 40 километри, сместен на пресекот меѓу Европа и Азија, каде што Ерменија има граница со Иран. За двете држави ова е витална зона, а безбедноста е загрозена бидејќи источниот сосед е Азербејџан, додека на запад се наоѓа неговата ексклава Нахчиван.
Азербејџан одамна инсистира на копнен пристап до својата ексклава без контрола на Ерменија, а овој коридор е дел и од важните инфраструктурни планови на Турција, која е блиска сојузничка на Азербејџан.
Малата Ерменија се плаши за својот опстанок и не сака да изгуби дополнителен територијален суверенитет. Овој конфликт трае со децении и досега не донесе решение и покрај меѓународните посредувања.
Новото решение, познато како „Трампова рута за меѓународен мир и просперитет“ (TRIPP), предвидува заедничко инвестирање на САД и Ерменија во изградба и управување со транзитен коридор од железничка пруга, цевководи и комуникациски кабли на период од 99 години.
Овој коридор ќе им овозможи на Азербејџан „ комерцијален пристап“ до ексклавата Нахчиван, додека Ерменија ќе го задржи својот суверенитет и право на пристап при евентуални инциденти. Безбедноста на коридорот ќе ја обезбедуваат приватни американски безбедносни компании.
Претходно слични предлози беа разгледувани и со посредство на Европа и Германија, но овој пат договорот е постигнат со посредство на тимот на Трамп.
Иако постои скептицизам во однос на долготрајноста на ангажманот на Трамп и неговото разбирање на сложената ситуација, договорот е поддржан и од Азербејџан, чиј претставник веќе бил на преговори во Баку.
Во Вашингтон, на церемонијата на потпишување, беа присутни и претседателот на Азербејџан, Иљам Алиев, како и претставници на големи компании како ExxonMobil и азербејџанскиот енергетски концерн SOCAR, кои сакаат да ја зацврстат позицијата на Азербејџан како глобална сила преку инвестиции.
Договорот има и геополитички значај за САД, кои добиваат пристап до граничниот појас со Иран. Ова го покажува слабоста на иранското раководство по судирите со Израел.
Русија, која традиционално беше главен играч во регионот, сега е во позиција на губитник поради својата вклученост во војната во Украина, но руски војници сè уште се распоредени на границата меѓу Ерменија и Иран.
На армеснкиот премиер Никол Пашињан му се префрла дека преку овој договор практично ја „продава“ земјата, особено поради значајните отстапки направени кон Азербејџан по загубата на регионот Горски Карабах во 2023 година.
Иако сепак има длабоки стравови и недоверба, договорот за транзитната рута е важен чекор кон приближување и создавање траен мир во регионот, со директни преговори меѓу Ерменија и Азербејџан, без посредници.