Повеќе од 800 ученици во Индонезија масовно се отруле од бесплатни владини оброци

Повеќе од 800 ученици се разболеле во два случаја на масовно труење со храна оваа недела, откако консумирале бесплатни училишни оброци кои ги спонзорира индонезиската влада, соопштија надлежните.

Масовно труење со храна
Во еден случај, повеќе од 500 ученици се отруле, што е најголем број од воведувањето на програмата под претседателството на Прабово Субианто.

Од јануари, кога програмата беше воведена, до август, повеќе од 400 деца се отруле консумирајќи ги овие оброци, според индонезискиот think tank, Институтот за развој на економија и финансии, што поставува прашања за надзорот на програмата.

Во провинцијата Западна Јава, 569 ученици од пет училишта во регионот Гарут се почувствувале гадење и повраќале по консумирањето пилешко и ориз, кои ги добиле во рамките на програмата, соопшти регионалниот секретар Нурдин Јана.

Десет ученици се уште се наоѓаат во болница, додека останатите се опоравиле. Околу 30 ученици морале да бидат хоспитализирани, додека останатите се лекувале дома, додаде тој.

Владата се извинила
Локалните власти ќе го зголемат надзорот над кујната која ги дистрибуирала оброците, изјави тој, додавајќи дека програмата нема да биде прекината, но дека учениците ќе добиваат посебни, поедноставни оброци како што се леб, млеко, варени јајца и овошје.

Друг сличен случај се случил во средата на островите Банггаи во провинцијата Централен Сулаеси. 277 ученици се отруле, соопшти Националната агенција за исхрана, која го надгледува програмата. Дистрибуцијата на храна била привремено прекината. Владата се извинила за инцидентот.

Програмата ја користат повеќе од 20 милиони луѓе, а целта е до крајот на годината да се обфатат 83 милиони и да се достигне буџет од 10,32 милијарди американски долари.

Буџетот за програмата следната година ќе биде удвоен.

Зачлени се на нашиот е-билтен