Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повеќе од сто кинески компании сакаат да користат ВИ модели со „дипфејк“ технологија

Кинескиот регулатор за киберпросторор (CAC) примил 110 апликации од кинески технолошки компании, меѓу кои и Хуавеј (Huawei) и Алибаба (Alibaba), за одобрување модели на вештачка интелигенција (ВИ), кои може да се користат за манипулирање со визуелни и аудио податоци, така наречени „дипфејк“ (deepfake).

Овие компании сакаат да се усогласат со правилата за регулирање на технологијата за „дипфејк“ што CAC ги објави во декември.

Пет кинески технолошки фирми, меѓу кои и „Бајду“ (Baidu) и „СенсТајм“ (SensTime) вчера претставија ВИ чет-ботови, откако беа одобрени од кинеската Влада, но овие одобренија се одвоени од регулативите за „дипфејк“ технологијата.

За разлика од ВИ чет-ботови, кои генерираат сосема нов текст, слики и звук врз основа на прашањата од корисникот, „дипфејк“ технологијата произведува содржина што не се разликува значително од оригиналот и може да се користи за манипулации и дезинформации.

Зачлени се на нашиот е-билтен