Во текот на ноќта Русија извршила повеќечасовни напади врз неколку области на Украина, а главниот град Киев бил под посоебен напад со дронови „Шахед“, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.
„Руски дронови продолжуваат да се приближуваат до Киев. Силите за противвоздушна одбрана повторно дејствуваат во Оболон“, соопшти ноќеска градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко, повикувајќи ги граѓаните да се засолнат.
Според градските власти во Киев, остатоци од руски дрон биле пронајдени и во Националната ботаничка градина Гришко.
Руските напади продолжуваат во период кога новата американската администрација седна на маса со руските власти, но без украинско присуство со цел да се разговара за завршување на војната. Од друга страна, европските лидери ја засилуваат својата поддршка за Украина, надевајќи се на праведен мир.
Украинските војници сепак не веруваат дека војната брзо ќе заврши и ги отфрлаат преговорите помеѓу Трамп и Путин, истакнувајќи дека Украинците одлучуваат за Украина.