Пожарот на електричната мрежа во Берлин бил испланиран

Пожарот на електричната мрежа во Берлин бил испланиран
Фото: ДПА

Пожарот на електричната мрежа во Берлин бил испланиран, изјави германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт. Пожарот, вели тој, што остави десетици илјади Берлинчани без струја бил насочен напад, внимателно подготвен.

Поправката е во тек откако два високонапонски столбови во југоисточен Берлин се запалија рано во вторник, што резултираше со голема штета на важните водови за снабдување.

Околу 20.000 домаќинства во германската престолнина сè уште беа без електрична енергија во среда како резултат на нападот, за кој се верува дека го извршиле левичарски екстремисти.

Во вторникот беше објавено дека акцијата била насочена кон „воено-индустрискиот комплекс“ во научниот парк во берлинската населба Адлерсхоф.

Добриндт рече дека е впечатливо „што овие дистрибутивни станици очигледно биле избрани намерно, а не случајно“.

„Ова значи дека морало да се направат подготовки и да се спроведат анализи за да се утврди каде да се нападне мрежата за да се предизвика што е можно поголема штета“.

Министерот рече дека полицијата сè уште не можела да каже дали писмото, објавено на левичарската платформа Indymedia, е автентично.

Во секој случај, беше јасно дека нападот го извршила група отворена за употреба на насилство, додаде тој.

Зачлени се на нашиот е-билтен