Пожарот на лондонскиот Хитроу под контрола, аеродромот денеска ќе биде затворен

Аеродромот Хитроу ќе биде затворен цел ден поради големиот пожар во блиската електрична трансформаторска станица која го снабдува со струја, јавува Би-Би-Си.

Очекува се аеродромот да остане затворен до 23:59 часот денес, според раните информации на Би-Би-Си.

Хитроу, најпрометниот аеродром во Велика Британија, предупреди на „значајни нарушувања“ во следните денови и советуваше патниците да не патуваат „ни под кои околности“ додека аеродромот повторно не се отвори.

Според податоците од сајтот за следење на летови Flightradar24, најмалку 1.351 лет кон и од Хитроу ќе бидат погодени од денешното затворање.

Пожарот во трансформаторската станица во Хејс, западниот дел на Лондон, остави илјадници домови без струја и доведе до евакуација на околу 150 луѓе од околните згради.

Причината за пожарот сè уште не е позната, јавува британскиот јавен сервис.

Трансформаторската станица сè уште гори

Според информации од Лондонската пожарна бригада, пожарот во електричната трансформаторска станица во Хејс е под контрола. Пожарникарите продолжуваат да работат на обуздување на огнот, а на местото на инцидентот се испратени 10 пожарникарски возила и околу 70 пожарникари.

Не се нарушени само летовите – денеска има и прекини во возовите околу Хитроу.

„Хитроу експрес“, кој го поврзува аеродромот со станицата Педингтон, информираше дека денеска нема услуги во ниту еден правец и советуваше луѓето да не се обидуваат да патуваат до аеродромот.

На линијата Елизабет, транспортот за Лондон соопшти дека нема сообраќај помеѓу Хејс и Харлингтон и Хитроу, со големи доцнења помеѓу Педингтон и Хејс & Харлингтон.

За сега, од транспортот за Лондон велат дека услугата на Пикадили линијата е нормална.

Аеродромот Стенстед продолжува со работа

Аеродромот Стенстед во Лондон продолжува со работа, но не примил ни еден барање за преусмерување на летови.

„Лондон Стенстед моментално работи нормално, имаме капацитет за мал број преусмерувања, но сè уште не сме примиле никакви барања“, изјави портпаролот, пренесува Гардијан.

Загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“ соопшти дека се откажани летовите од Загреб за Лондон и повратните летови од Лондон за Загреб, поради затворањето на аеродромот Хитроу, кој ќе остане затворен цел ден.

„Мојата мајка беше на Јамајка на голема роденденска забава и требаше да слета на Хитроу утрово. Кога се разбудив утрово, ја добив пораката од неа во авион, дека им рекле да се вратат на аеродромот Монтего Беј поради инцидентот на Хитроу. Откако поминаа скоро половина пат низ Атлантикот, им рекоа дека не можат да летаат преку Атлантикот. Претпоставувам дека ќе ѝ треба време да разбере што ќе се случи кога ќе се вратат на Јамајка – или кога конечно ќе се вратат дома“, напиша дописникот на Sky News.

Зачлени се на нашиот е-билтен