Австрискиот град Салцбург го изгуби ексклузивното право за производство на познатите Моцарт топчиња поради банкротот на фабриката која ги произведуваше.
Фабриката која годишно произведуваше 57 милиони топчиња беше затворена на крајот на годината, делумно и поради порастот на цените на какаото, пренесува британскиот Гардијан.
Лиценцата за производство на Моцарт топчиња ја држи американскиот конгломерат Mondelez, кој сега ќе бара нова локација за производство на овој популарен слаткиш.
Иако одлуката уште не е донесена, локалните медиуми наводат дека најверојатно тоа ќе биде во Чешка, каде што се пониски трошоците за производство.
Фабриката “Мирамел-Верке” во Гредиг, близу Салцбург, во која повеќе од еден век се произведуваше чувениот “Ехте Салцбургер Моциарткугел”, беше затворена. Последната топчиња, со тежина од 17,1 грам, направена од чоколадо со мешавина на марципан, фисташки и нуга, беше произведена на 5 декември, означувајќи крај на една ера.