Познато е како ќе преговара Путин во Алјаска: „Барај сè, закани се со војна. На Запад секогаш некој се фаќа за мамката“

Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons
Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Во прсрет на утрешниот ден кога целиот свет ја очекува средбата меѓу Путин и Трамп во Алјаска, долгата историја на советската дипломатија може да помогне да разбереме како ќе преговара рускиот претседател.

За таа цел, француското онлајн издание „Ле Гранд Континент“ анализира статија од рускиот писател и новинар Леонид Млечин, земена од биографијата на поранешниот министер за надворешни работи Евгениј Примаков, можеби највлијателната фигура во разбирањето на руската геополитика од ерата на Елцин до Путин.

Во оваа статија, Млечин ја анализира еволуцијата на советската дипломатија низ призмата на неколку фигури, од Троцки до Громико, фокусирајќи се на стиловите и преговарачките стратегии на секој од нив, користејќи неколку доверливи извори. Од неа, разбираме дека преговарачките тактики на Путин и Лавров се резултат на визија за дипломатија дијаметрално спротивна на сликата што ја имаме во Европа. Нејзин творец е човекот наречен „Сталинов чекан“ – Вјачеслав Молотов.

Токму во овој текст ја наоѓаме најцелосната формулација на „Доктрината Громико“: „Прво, барајте го максимумот и не двоумете се да ги преувеличувате вашите барања. Барајте дури и она што никогаш не ви припаѓало. Второ, поставувајте ултиматуми. Заканувајте се со војна, не штедете закани, а потоа понудете преговори како излез од ситуацијата: секогаш ќе има луѓе на Запад кои ќе се нафатат на мамката. Трето, штом ќе започнат преговорите, не се откажувајте ни сантиметар. Вашите соговорници на крајот ќе ви понудат дел од она што сте го побарале. Но, дури и тогаш, не потпишувајте: инсистирајте на повеќе и тие ќе прифатат. Кога ќе добиете половина или две третини од она што никогаш не ви припаѓало, можете да се сметате за дипломат.“

Сегашната висока претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика , Каја Калас, го кажа истото ова пред две години на Минхенската конференција, воспоставувајќи директен континуитет помеѓу методот на Громико и оној на Путин.

Зачлени се на нашиот е-билтен