Празните канцеларии може да се трансформираат во зелени фарми

Во некои големи градови, секоја четврта канцеларија е празна. Меѓутоа, некои стартапи им даваат нов живот на овие простории, претворајќи ги во вертикални фарми за одгледување на растенија, од краставици до зачини, јавува Би-би-си.

Еден од примерите е канадската Кула Калгари, изградена во 1967 година, која беше дом на панорамски ресторани и продавници за сувенири. Денес, таа се променува во фарма во затворен простор на 6.000 квадратни метри, каде се одгледуваат култури како јагоди, кељ и краставици. Овој пример е само еден од многуте глобално, со затворени вертикални фарми во градови како Јапонија, Сингапур и Дубаи, кои користат хидропоника, аквапоника и аеропоника за одгледување на земјоделски култури.

Развојот на вертикалното земјоделство е тренд кој растеше во последните години, но вистински бум доживеа за време на пандемијата на ковид-19. Прекинот на синџирите на снабдување ги принуди луѓето да бараат локални решенија за храна, а во 2021 година, во вертикални фарми беа инвестирани рекордни 6 милијарди долари. Овој вид на земјоделство сега добива поголемо внимание во земји како Канада и Австралија, каде што сопствениците на канцелариски простори се соочуваат со предизвикот да пополнат празните простории по преодот на компаниите на работа од далечина.

Во САД, повеќе од 20% од канцелариите остануваат празни. Ворен Сиј, бизнисмен во недвижнини, истакнува дека вертикалните фарми се исплатлив начин за пополнување на овие простории. Понатаму, урбаните фарми стануваат се попопуларни и поради други глобални проблеми како климатските промени, геополитичките конфликти и земјоделските штрајкови, што ги натера градовите да бараат локални начини за производство на храна.

Зачлени се на нашиот е-билтен