Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преговори за продолжување на примирјето во Судан

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Фолкер Пертес, најави преговори за продолжување на прекинот на огнот за уште 72 часа, јави ДПА.

Според Пертес, суданските вооружени сили се согласиле да учествуваат во разговорите што ќе се одржат во Џуба, главниот град на Јужен Судан, пренесува МИА.

Силите за брза поддршка  се уште не одговориле, но Пертес изрази уверување дека тие ќе учествуваат во разговорите.

Во Картум утринава имало само спорадични пукотници, според новинар на ДПА на терен. Сепак, утрото повторно имаше воздушни напади. Најавениот 72-часовен прекин на огнот истекува вечерва.

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли претходно предупреди дека напорите за евакуација од Судан може да се покажат „невозможни“ по истекот на примирјето.

Египет денеска соопшти дека повеќе од 14.000 државјани на Судан и 2.000 државјани на други земји пристигнале на негова територија од почетокот на конфликтот. Двете земји имаат заедничка граница од 1.200 километри.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново