Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиерот на Гренланд денеска на консултации во Копенхаген по изјавите на Трамп

Премиерот на Гренланд Муте Егеде денеска во Копенхаген ќе се сретне со данскиот крал Фредерик, откако новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, автономна територија на Данска.

Трамп, кој официјално ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, вчера изјави дека нема да ја исклучи можноста за воена или економска акција против Данска со цел Гренланд да стане дел од Соединетите Американски Држави, пренесе Ројтерс.

Истиот ден, неговиот син, Доналд Трамп Џуниор, беше во приватна посета на Гренланд.

Во 2008 година граѓаните на Гренланд на референдум изгласаа Закон за самоуправа со кој преземаат поголем број ингеренции од данскaта влада, но одбраната на земјата, економската и надворешната политика остануваат грижа на Копенхаген.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој неодамна ги засили напорите за независност од Данска, постојано изјави дека островот не е на продажба и дека зависи од неговиот народ да одлучи за нивната иднина, пишува Ројтерс.

– Додека другите, вклучително и Данците и Американците, имаат право на свое мислење, ние не треба да бидеме фатени во хистеријата и да дозволиме надворешните притисоци да нè одвлечат од нашиот пат – рече Егеде во вторникот.

Гренланд е дом на 57.000 луѓе, а најголемиот дел од нив се Инуити. Главниот град е поблиску до Њујорк отколку до Копенхаген.

Зачлени се на нашиот е-билтен