Претседателот на Боливија го укина Министерството за правда

Боливискиот претседател Родриго Пас Переира (Паз) донесе одлука да го укине Министерството за правда, само неколку дена откако најави смена на министерот поради откриена кривична пресуда која тој ја сокрил.

Пас Переира, кој стапи на функцијата на 8 ноември, пред новинарите повтори дека со ова го исполнува едно од своите клучни предизборни ветувања. Според него, левичарските власти што управуваа со земјата две децении го користеле овој ресор како механизам за политички прогон.

„Денес го одржувам дадениот збор. Министерството за прогон заврши, министерството за неправда заврши, ресорот кој служеше за тргување со судски пресуди заврши“, изјави претседателот од десниот центар.

Зачлени се на нашиот е-билтен