Претседателот на Нагорно Карабах, Араик Арутјуњан, изјави дека има намера да поднесе оставка од функцијата, јави ерменската новинска агенција Арменпрес.
Арутјуњан синоќа на демонстрантите во Степанакерт им рече дека вчера на вонреден состанок со официјални лица се разговарало за неговата можна оставка.
„Разговаравме и за моја евентуална оставка, а неколку дена пред тоа и самиот изјавив дека сакам да ја поднесам. Утре или задутре ќе имаме уште една средба во тесен состав и доколку се одлучи да се повлечам од мојата функција, уште оваа недела ќе заминам да служам во армијата“, рече Арутјуњан.
Демонстрантите организираа спонтан протест откако азербејџанската гранична полиција киднапираше тројца жители на Нагорно-Карабах во коридорот Лачин.
Извор МИА,