Следната недела би можело да дојде до нови контакти меѓу претставници на Русија и САД, изјави Кирил Дмитриев, специјален економски пратеник на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото враќање од Вашингтон. Сепак, тој не прецизираше за какви прашања би се воделе разговорите ниту каква би била нивната природа.
Иако не е формално вклучен во билатералните разговори за Украина што САД ги водеа со Киев и Москва на почетокот од годината, Дмитриев изрази оптимизам за иднината на односите меѓу двете држави. Според него, актуелните тензии не ја исклучуваат можноста за приближување.
Посетата на Дмитриев на Вашингтон оваа недела е првата на висок руски функционер од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година.
Изјавите на Дмитриев се појавуваат во време кога повторно се зборува за можна нормализација на односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, што дополнително го зголемува интересот за вакви дипломатски сигнали.
„Постојат несогласувања, но се забележува позитивна динамика“, изјавил Дмитриев, пренесуваат руските медиуми.