Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пригожин: Не знам дали „Вагнер“ ќе остане во Украина

Основачот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој и понатаму има несогласувања со руското Министерство за одбрана изјави дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина на прашањето каде групата ќе се бори понатаму.

-Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина, посочи Пригожин, чии војници неодамна го зазедоа Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната битка во војната.

Пригожин често користи сарказам или иронија во своите изјави.

– Ќе видиме за месец и пол или два дали украинската контраофанзива беше успешна, подвлече тој, коментирајќи ја украинската армија.

Тој нагласи дека „секоја офанзива и нејзините резултати мора да се проценат откако ќе се исцрпи офанзивниот потенцијал на непријателот“.

-Како што јас разбирам, украинскиот офанзивен потенцијал е далеку, далеку од исцрпеност. Ќе бидат потребни месец и пол до два месеци и потоа ќе треба да одлучиме дали ја постигнаа целта или не, потенцира Пригожин.

Најново