Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Продажбата на електрични возила во Германија опадна во 2024 година откако заврши субвенцинирањето

Продажбата на електрични возила во Германија падна во 2024 година по откажувањето на владината субвенција, покажаа официјалните бројки во понеделникот, јави ДПА.

Околу 380.600 електрични автомобили беа новорегистрирани во текот на годината, 27% помалку отколку во претходната година, според Федералната управа за моторен транспорт (KBA).

Електричните модели претставуваа 13,5% од сите нови регистрации, што е намалување од 18,4% во 2023 година.

„Наглото завршување на државната субвенција на крајот на 2023 година доведе до голема несигурност кај потенцијалните купувачи, која продолжува до ден-денес“, рече Константин Гал од консултантската фирма Eрнст и Јанг.

„Иако нови и атрактивни модели доаѓаат на пазарот, бројките за продажба се значително пониски од очекувањата на индустријата и посакуваните од политичарите“, рече Гал.

Според КБА, околу 2,8 милиони нови автомобили биле регистрирани во Германија минатата година, околу 1% помалку од претходната година и околу 25% помалку од 2019 година, последната година пред пандемијата на коронавирус.

Зачлени се на нашиот е-билтен